Безглутенска диета
Што е тоа безглутенска диета? Дознајте нешто повеќе за оваа посебна диета, на која треба да се придржуваат болните од глутенска ентеропатија (целијакија) или оние чиј организам не може да го поднесе глутенот. Ви предлагаме неколку начини со кои може да го исфрлите глутенот од секојдневната исхрана, а притоа да не почувствувате недостатој од хранливите материи.
Глутенот е растителна белковина и квасна материја, која ја има во брашното од пченица, ‘рж, јачмен и од овес. Имено, глутенот ја прави онаа ровка конзистенција на тестото. Кај болните од велијакија или кај луѓето чиј организам не може да го поднесе глутенот, се појавуваат симптоми како што се дијареја, нагло намалување на тежината или задув, бидејќи тие не можат да поднесат определени зрнести антигени, како што се антигените на пченицата, јачменот и ‘ржот. Во организмот на болните од целијакија оваа храна станува токсична, што се објаснува преку имонолошки причини.
Целијакијата може да испровоцира мноштво други заболувања и растројства, а меѓудруготи и остеопороза, аденокарцином, слабокрвност, конвулзија и метеоризам. Мошне е важно навременото дијагностицирање на целијакијата во раната фаза, а исто така од голема важност и навременото започнување на лекувањето, зашто со тек на времето ова заболување може да доведе до создавање на карцином на желудникот и на цревата или на лимфоми. Безглутенската диета исто така треба да ја применуваат и болните од дерматит, зашто ова заболување е предизвикано од зголемената чувствителност на кожата, за што главен виновник е глутенот. Дури и минималните количества глутен можат да испровоцираат појава на симптоми на остеопороза, како и значително намалување на телесната тежина и анемија.
Безглутенската диета дозволува употреба на зрна од ориз, хелда и пченка, тапиока, маранта, соја и семе од квиноа. Внимателно проверувајте ги сите ароматизатори, додатоци и сирупи, со цел да се уверите дека тие не содржат производи од пченица или од јачмен. Безглутенската диета сосема го исклучува од исхраната лебот, тестенините и голем дел од полуфабрикатите. Употребата на овесните снегулки останува под знак прашалник. Маринираните производи, пијалаците од зрнести производи (како што е пивото), сладоледот во корнет, колачите, белите печива и сите останати производи од тесто треба сосема да бидат исклучени од секојдневната исхрана кај лицата кои се на безглутенска диета.
Безглутенската диета дозволува употреба на производи што се направени од пченкарно, соино, оризово или хелдино брашно. Користете снегулки од просо, ориз, активен сув квасец и млеко во прав. На пример во менито за појадок може да се вклулат јајца, месо од мисирка или оризова каша. Ви препоралуваме да користите оризово фиде и мезглутенски макарони. За ручек можете да изберете туна, пченкарен леб или говедско месо со ориз. Прекрасен десерт по ручекот би бил оризовиот пудинг или парче црна чоколада. Она што е важно да се одбележи е дека овие лица не смеат да користат лекарства кои содржат глутен, кој налјесто е застапен кај витаминските таблети. Но, од друга страна лицата што се придржуваат кон безглутенската диета можат да почувствуваат недостаток од железо, калциум, фолна киселина и од витамините од групата Бе, па затоа препорачуваме да се изберат посебни безглутенски препарати кои ги содржат овие минерали и витамини.