Коњот како средство за лечење
Терапевтско јавање
…Јавањето мене и мојот коњ не претвара во едно суштество ,се исполнувам со благодарност кон животот ,кон обичните нешта и чуство дека постојаните напори и трпение се некогаш ке се наградат…
Лиз Артел
Лиз Артел 1952г. на Олимписките игри во Хелсинки освојува сребрен медал за натпревар во дисциплина дресура во јавањето.
Сребрениот медал е многу значаен кога ке знаеме дека во тоа време немало специјални Олимписки игри ,Лиз се натпреварувала подеднакво со мажи а боледувала од полиомиелит и на својот коњ се качила од инвалидска количка.
Коњот буди восхит ,благодарност ,пристрасност и љубов.Човек се респектира од однесувањето на коњот и го прилага во одговор својот начин на однесување.
Според древна грчка митологија и северноамерикански,индински традиции се сметало дека коњите имаат способност магично да лекуваат .Рнетите грчки војници ги качувале на коњите да јаваат за да ги повратат моралните и физички сили(Barclay H 1980г.).Во древна Грција Хипократ препорачувал јавање против бесознание ,Асцепид за лица со епилепсија и парализа, Максимилан за психопатии и тн.
Хипотерапија - доаѓа од грчкиот збор hippos и означува терапија со коњ илиделување на неврофизиолошки принципи ,кое с еовозможува со помош на коњ.
Именно, кога коњот оди на јавачот се предаваат 90-110 тридимензионални импулси(Straub I.1995,Riede D.1986)кои имаат терапевтичен ефект врз локомоторниот апарат.
Тридимензионалните импулси значат движења кои се предизвикуваат кај јавачот на страна ,вертикално или дијагонално.Тоа се ротации во карлицата ,како и движењето нагоре-надоле,собирање и ширење на бедрата а со тоа подобрување на подвижноста на колковите ,рбетниот столб,ја засилува мускулатурата и така се корегира позата на стоење и држење на главата ,се одржува рамнотежа и координација.
Хипотерапијата е идеална за лица чиј хендикеп оневозможува одење затоа што при јавањето се создава целосен модел на движење кое е еднакво на одење со ослободување на нозете од товар во седечка поза.Таков начин на дејство не може да се постигне со никакви други вежби.
Коњот со својата телесна температура која е повисока од нашата за 1-1,5 степени делува врз спастиката на мускулатурата -се намалува и се растегнуваат згрчените мускули.
Освен ползите кои јавачот ги добива од самиот коњ ,терапевтскиот ефект се зголемува со примената на најразлични везби и методи специализирани за одделните дијагнози.
Психоемоционалното дејство кој коњот го предиззвикува кај јавачот е особено важно кај лица со интелектуален хендикеп.
Радоста и позитивните емоции,стимул за социјална комуникација,мотивација наместо депресивни состојби,подобрување на интелектуалните способности се само дел од придобивките од комуникацијата со коњот.
Детска церебрална парализа ,аутизам,инсулти,Down sindrom,сколиози,кифози,мускулни дистрофии,хиперактивност,намалено внимание,емоционални растројства ,превенција на артроза,слепост, глувост и др.се дијагнози каде што континуираното прилагање хипотерапија во искуството низ годините насекаде низ светот дале значајни резултати во подобрување на квалитетот на зивотот на лицата со хендикеп.