Скопски маратон
На 8 мај под покровителство на Град Скопје, Мисија на Европската унија и Агенција за млади и спорт се оддржа Скопскиот маратон кој и оваа година имаше хуманитарен белег.
Во склоп на Скопскиот маратон беше и хуманитарната трка за рекреативци на 5 километри под мотото „Хумани и активни“.
Благодарение на организаторот и учесниците се собраа околу 40 000 денари од кои дел беше потрошен за потребите на програмата хидротерапија (која е во реализација на здружението „Дајте ни крилја“ во соработка со Наташа Мешковска) - вам веќе добро позната со фантастичните резултати што во текот на оваа година ги постигна.
Здружението „Дајте ни крилја“ уште еднаш сака да се заблгагодари на сите што помогнаа во реализацијата на оваа акција и да ве потсети да го негувате здравиот и позитивен дух во вас .