Семинар по терапевтско пливање
Почитувани,
Групата за лица со посебни потреби во состав на базенот БОРИС ТРАЈКОВСКИ веќе активно работи со досега над 250 лица, секој ден освен недела во период од 16-17 часот.
Групата оперира курс во времетраење од 2 (два) месеца, а има за цел да придонесе за развојот на мускулноскелетен систем кај овие лица, тие да се рекреираат, а со тоа да се придонесе за намалување на деформитетите и на степенот на инвалидитет.Оваа програма која трае веќе година дена е бесплатна, а во тренажниот процес се инволвирани дел од тренерите на Пливачката Школа на СЦ Борис Трајковски кој како кадровски спонзор на здружението обезбедува локациски услови за едукацијата и тренажниот процес.
Ние имаме за цел да ја продолжиме оваа програма и ги повикуваме сите родители кои се во можност да го дадат својот придонес да и нивните деца бидат дел од нашата хумана дејност.
На ден 2 Јуни 2012 од 10:00-15:00 часот, и на 3 Јуни 2012 од 10:00-14:00, 16:00-19:00 часот во базенот БОРИС ТРАЈКОВСКИ ќе се одржи предавање и обука на тренерите кои ќе раководат со овие групи а се дел од Пливачката школа на СЦ Борис Трајковски.
Предавањето ќе се одржи од страна на стручни медицински лица од Белград кои ја посетија првата конференција „Халвик“, насловена „Слобода во вода“, со гостинот Јохан Ламбек одржана во 2011 година во СЦ Борис Трајковски , во организација на здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“.
Предавач ќе биде Веселин Луковиќ - професор по физичка култура со повеќегодишно искуство во работа со „Halliwick“ терапија- трапија во вода за лица со посебни потреби. Има учествувано на повеќе семинари и обуки во Словенија (семинар за тренери на џудо за лица со посебни потреби, рехабилитациони програми за деца со посебни потреби, семинар за тенис во инвалидски колички итн). Покрај многубројните обуки и едукации има и богато искуство во работа со лица со посебни потреби меѓу другото и во Сојуз за спорт и рекреација на лица со посебни потреби Белград.