На ден 25.10.2013 год. во просториите на ЈДГОЛ “Срничка” во населбата Аеродром здружението “Дајте ни Крилја” донираше рачно изработени едукативни играчки, изработени од дрво наменети за дечињата од оваа градинка.
Играчките се со вкупна вредност од 14.700,00 денари средства кои здружението ги обезбеди преку донација од промоцијата на книгата “Некогаш и некаде” од авторот Зоран Спасов – Зоф.



