Дружба во игротека Colores
Еве како изгледаше почетокот на дружбата во игротека Colores. Беа поканети најмалите членови од нашето здружение,но за жал поради временските услови кој веќе подолго време траат во нашиот град,дојдоа само десетина дечиња. Ги чекаме сите останати кои кажаа дека ќе дојдат да ги подигнат новогодишните пакетчиња од нашето здружение Дајте ни крилја.
Благодариме на Билјана и игротеката Colores за убавите моменти кај нив и подароците кои ги споделија со најмалите членови од нашето здружение!