Биографија
Оливера Котеска
Својот професионален пат во рехабилитацијата Оливера го започнува во Бургас, Бугарија на универзитетот „Проф. Д-р Асен Златапов“ каде се стекнува со дипломата за специјалист рехабилитатор - физиотерапевт.
Понатаму се редат нејзините сертификати и дипломи од областа на физиотерапијата како што се: Рехабилитација на деца со DCP, Рехабилитација во детска неврологија, Рехабилитација во неврохируршки, ортопедски и трауматолошки услов, Преоперативна и постоперативна рехабилитација на интензивна нега на пациенти со механичка вентилација и NIF - инвазивна терапија, CIPAP и NIV (нив-инвазивна терапија), Реанимација на кардиопулмонална инсуфициенција, Сертификат за работа со специјална „Halliwick“ терапија во вода.-
Своето работно искуство го има стекнато Приватната поликлиника за неврологија Бургас, Бугарија и во периодот од 2008-2011 во ПЗУ „Филип Втори“- Скопје. Работи и веќе подолго време како волонтер во здружението „Дајте ни крилја“ во областа терапија во вода каде што е лиценциран тренер.