Бал под маски
Уште една магична вечер во Галерија 8
Здружението на ликовни уметници на Македонија ДЛУМ и Галерија 8 веќе по трет пат во чест на Венецијанскиот Карневал организираа Бал под Маски во хумани цели.
На балот беа изложени и продавани рачно изработени маски од наши познати уметници и дизајнери и тоа: Ненад Секирарски, Марија Милошевска, Мирослава Микица Трујкановиќ, Тања Таневска, Кристијан Санев, Шкипе Мехмети, Стефан Хаџи Николов, Жанета Гелевска, Жаклина Глигориевска, Јулијана Гешоска, Тони Васич и учениците од 3 година од оделот дизајн на текстил и облека од државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“.Од продажбата на маските беа собрани 10000 денари а средствата оваа година беа наменети за Здружението Дајте ни Крилја-Скопје за реализација не неговите редовни активности за поддршка на лицата со посебни потреби во Македонија. Вечерта со свои настапи ја збогатија Зорица Поп Панкова, Лидија Кочовска, Наде Талевска и Фифи кои заедно со единствениот караоке мајстор Огнен Јаневски направија одлична атмосфера.
Голема благодарност до сите учесници на овој хуманитарен настан, а посебно на организаторите Галерија 8 и Филип Фидановски.
Share on Facebook