Донација и преуредување на соба при клиниката за онкологија и радиотерапија неменета за најмладите пациенти
Здружението ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА неодамна беше иницијатор на една хумана акција заедно со професорката од ФОН Универзитет Александра Србиновска(која често излегува во пресрет и безрезервно се дава помагајќи на места каде што е најпотребно ).Иницијативата беше прифатена од страна на ФОН, DOMESTIC,SPARKASE BANK,BIMEK и децата од ОУ,Јохан Хајнрих Песталоци. Секој помогна онолку колку што можеше и навистина собата сега е луксузно наместена и пред се пријатна за престој на децата кои за жал престојуваат тука и по неколку недели заради терапијата која ја добиваат.Се надеваме дека ќе измамиме и по некоја насмевка и малку ведрина,игра со ликовите од цртаните филмови преку играчките,прекрасно исцртаните ѕидови,боенки,боички,сложувалки,смарт телевизор,детски постелнини,понов мебел,неколку додатни асесоари и фрижидер. Нашето излегување во јавност не е за да покажеме колку сме ние хумани,зашто впрочем секојдневно тоа го правиме,туку за да ги отвориме срцата на другите,да помогнат онаму каде што можат и колку можат.
Им благодариме на сите кои што помогна од се срце.
Со почит ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА