Дајте ни крилја :: Почетна


AHOS

Active and Healthy Olympic Seniors - Erasmus +

повеќе >

 


Пристапница

Станете дел од нашето здружение и допринесете кон подобар и посреќен свет...

повеќе >

 


Прашај го докторот

Добијте одговори за сите прашања поврзани со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби...

повеќе >

 


Подарете лек или друго

повеќе >

 

Како до инклузивни училишта: предизвици, искуства и предлози
Трибина иницирана од родители со поддршка на ,,Дајте ни Крилја и ,,Трисомија 21
 
Датум: 24.10.2013, 12:00
Локација: Центар за Странски Јазици
 
Идејата за инклузија на лица со пречки во развојот (израз кој се сретнува и како лица со хендикеп, посебни образовни потреби или попреченост) се развива во Р.Македонија уште од 90-те години на минатиот век, кога беа формирани првите т.н инклузивни тимови. Тоа беше период кога родителите на лицата со пречки во развојот се соочуваа со бариери од типот на: несоодветно образован кадар, неадаптирани програми за работа и генерално ниска свест за важноста од прифаќањето на овие лица во редовниот образовен систем. Како резултат на ова, поголемиот број од нив беа запишувани во специјалните училишта или посебни паралелки при некои од редовните училишта. Речиси 20 години подоцна може да се забележи дека сé повеќе училишта прифаќаат лица со попреченост и дека е генерално подигната јавната свест за нивните потреби и можности - благодарение на сé побројните родителски иницијативи и невладини организации. Сепак, главните системски проблеми сеуште опстојуваат, а тие и понатаму се: непристапност, недиференцирани програми и методи за работа и недостаток од соодветно обучен кадар. Родителите се принудени да го одложуваат запишувањето на нивните деца, а мошне често од нив се очекува сами да плаќаат дефектолози кои би ги придружувале во училиште (со цел да не бидат одбиени). Незадоволството кај родителите неодамна дополнително го интензивираше фактот што во новиот бран планирани вработувања на образовен кадар не се вклучени професионалци обучени за работа со лица со попреченост.
 
Р.Македонија во декември 2011 ја ратификуваше Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (во преводот се користи изразот инвалидност). Со овој потег, државата се обврза да донесе соодветни законодавни, административни и други мерки за спроведување на правата признаени во оваа Конвенција. Во поглед на инклузивното образование тоа значи дека:
 
1. Земјите потписнички го признаваат правото на образование на лицата со инвалидност. 
2. При реализирањето на ова право, земјите потписнички обезбедуваат: 

а). лицата со инвалидност да не се исклучуваат од општиот образовен систем врз основа на инвалидност, и децата со пречки во развојот да не се исклучуваат од бесплатното и задолжителното основно образование, или од средното образование врз основа на инвалидност;  
б
). лицата со инвалидност да имаат пристап до вклучително (инклузивно, н.з), квалитетно и бесплатно основно образование и средно образование на еднаква основа со другите во заедниците во кои живеат;  
ц
). разумно прилагодување на индивидуалните потреби; 
д
). лицата со инвалидност да ја добијат потребната поддршка во рамките на општиот образовен систем, за да се поедностави нивното ефикасно образование; 
е). мерки за ефикасна индивидуална поддршка во средините со максимален академски и социјален развој, доследен до целите на потполно вклучување. 
 
Целта на оваа трибина е, преку споделување на практични искуства помеѓу клучните актери во процесот на инклузија – учениците, родителите и образовните професионалци – и низ критичка дискусија за постоечките законски регулативи, да се иницира изготвување на стратегија за инклузија.
 
Програма
 
12:00 Маја Лазаревска - претставник на Дајте ни Крилја/мајка на лице со попреченост и  Росица Колева - дефектолог/сестра на лице со попреченост:
Вовед во поводот за оваа трибина со посебен акцент на досегашните иницијативи/проекти во оваа област, како и на проблемите во законските регулативи
 
- Обраќање на Душко МиновскиКомисија за заштита од дискриминација
 
12:15  Stefano Sgobbaпретставник на делегацијата на Европска Унија
 
12:30 Александар Матовски - студент на Педагошки Факултет: Лично искуство со процесот на инклузија
 
12:45 Дискусија (предлог-тема: проблеми со процесот на инклузија од аспект на родителите)
 
13:15 Зора Јачоваредовен професор на Институтот за Дефектологија. Едукација на наставници за работа во инклузивни услови
 
13:30  Лидија Крстевска Дојчиновскамобилен дефектолог во општина Ѓорче Петров : Предизвиците на мобилниот дефектолог во процесот на инклузија
 
13:45 Магдалена Димкова Велевскадефектолог во Отворете ги прозорците : Асистивната технологија како проддршка на инклузивниот процес
 
14:00 Јана Спировска - Психолог во НОВА Интернационални Училишта :
  Улогата на Центарот за диференцирано учење во процесот на инклузија
 
14:15 Дискусија (предлог-тема: идеи и предлози за подобрување на инклузивни политики и практики)

Share on Facebook

 

Пребарување



Дајте крилја



Бидете хумани, дајте им крилја на оние на кој највеќе им требаат. Донирајте на:

жиро сметка
300000003190463
Комерцијална банка АД Скопје.

210-0665242501-41
NLB Тутунска Банка

девизна сметка

0270100278631

Комерцијална банка АД Скопје

ИНФОРМАЦИИ
 

 Име на маратонот
Скопски маратон

 Датум и време на одржување
8 Мај 2011, 09.00 часот

 Старт и Цел
Стартот за сите трки е на улицата Димитрие Чуповски (кај Вегера). Сите учесници треба да бидат на стартот најдоцна до 8.30 часот на 8 Мај 2011. Целта на сите трки е кај Плоштадот Пела.

 Покровители
Град Скопје, Мисија на Европската Унија, Агенција за млади и спорт

 Организатори
Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска Федерација на Македонија и АК “Работнички” – Скопје

 Помагатели
Министерство за внатрешни работи, АРМ и Црвен Крст на Град Скопје.

 Други учесници во организација
Во организација на Скопскиот Маратон како и секоја година учествуваат и: Факултет за Физичка Култура, ДСУ М.М. Брицо, Јавните претпријатија на ГрадСкопје, Градски Планинарски Сојуз, Сојуз на спортски Федерации на Македонија, други Спортски здруженија, над 400 волонтери.

 Адреса на организаторот
Сојуз на спортови на Скопје
ул. Ј.Х.Џинот бр.12 а
1000 Скопје, Македонија

 Трки
- 42.195 км - маратон / старт 09.00
Право на учество имаат лица постари од 18 години. Нема да биде дозволен настап на лица под 18 години на денот на трката. Се трчаат два круга низ улиците на Скопје. Стартнината за оваа трка изнесува 400 денари. Секој натпреварувач добива стартен пакет. Пријавувањето ќе се врши како што е предвидено во упатството за пријавување. Категории:машки и женски
- 21.097 км - полумаратон / старт 09.00
Право на учество имаат постари од 16 години. Помладите од 18 години треба да имаат писмена согласност од родителите. Се трча еден круг низ улиците на Скопје. Стартнината за оваа трка изнесува 400 денари. Секој натпреварувач добива стартен пакет. Пријавувањето ќе се врши како што е предвидено во упатството за пријавување. Категории:машки и женски
- 5 км - Хумани и активни, хуманитарна трка за рекреативци / старт 09.05
Оваа трка е од масовен карактер наменета за сите граѓани. Право на учество имаат сите постари од 15 години, а помладите од 18 години треба да имаат писмена согласност од родителите. Се трча еден круг низ улиците на Скопје. Стартнината за оваа трка изнесува 200 денари. Пријавувањето ќе се врши како што е предвидено во упатството за пријавување. Категории:машки и женски
- 2 км (за основни училишта)  / 17 април, кеј на реката Вардар, старт 10.00
Скопскиот Мини Маратон ќе се одржи на 17 април на кејот на реката Вардар. Оваа трка е од масовен карактер наменета за учениците од основните училишта од Скопје. Пријавување за оваа трка ќе се врши преку основните училишта и сите учесници треба да имаат писмена согласност од родителите.Категории:машки и женски

 Пријавување
Пријавувањето за учество во маратонот, полумаратонот и трката на 5000 метри ќе се врши на следниве начини:
- со испраќање на пријава по факс на +389 2 3228624 или + 389 2 3117687
- пополнување на он-лине формулар на веб страната на маратонот

 Рокови за пријавување
Рок за пријавување за учество во маратонот, полумаратонот и трката на 5000 метри:
- за маратонот најдоцна до 05 Мај 2011
- за полумаратонот најдоцна до 05 Мај 2011
- за трката на 5000 метри најдоцна до 06 Мај 2011

 Освежитлни станици
Ќе има осум (8) освежителни станици низ целата должина на патеката, со потребните количини на вода и лимун.

 Прва помош
Прва помош ќе има на четири места на патеката, а во движење низ целата должина на патеката ќе има и неколку возила со медицински персонал. Исто така докторска екипа ќе има и на целта на патеката.

 Стартен пакет
Стартен пакет ќе добијат учесниците во полумаратонот и трката на 5000 метри, кој ќе се состои од следните работи: маица со логото на трката, стартен број, програма за трката и освежување.
Стартниот пакет ќе се подига во Сојуз на Спортови на Скопје (тел: +389 2 3228624), на 5 и 6 мај од 10.00 до 19.00 часот, и на 7 мај од 10.00 до 17.00 часот. На истото место ќе се наплаќа и котизацијата.

 Награден фонд
Во трката 5000 метри најдобрите 3 во машка и женска конкуренција ќе добијат стокови награди. Во маратонската трка најдобрите 7 во машка и 5 во женска конкуренција ќе добијат парични награди. Парични награди ќе добијат и најдобропласираните домашни натпреварувачи во маратонската трка. Во полумаратонската трка најдобрите 3 во машка и женска конкуренција ќе добијат парични награди.

 Времетраење
Временскиот интервал за којшто натпреварувачите во трката на 5000 метри треба да стигнат до целта е 1 час по почетокот на трката. После рокот на натпреварувачите на 5000 метри нема да им биде дозволено да ја поминат целната капија.
Временскиот интервал за којшто натпреварувачите од маратонската и полумаратонската трка треба да стигнат до целта е 5 часа по почетокот на трката. По зададениот рок сите натпреварувачи ќе бидат отстранети од патеката.

 Покровители
Коце Трајановски - Град Скопје
Петер Соренсен - Мисија на Европска Унија во Македонија
Диме Спасов - Агенција за млади и спорт
 
 


                                          

 


Да бидеме пријатели


 


Пријатели