Известувањето за IV КОЛО Државно првенство на Република Македонија во прескокнување пречки
Државното првенство на РМ во прескокнување пречки во организација на Коњичкиот клуб ДОНА од Радишани- Скопје, ќе се одржи на ден 13.09.2015 год (недела) со почеток во 08:00 часот во просториите на клубот.
На настанот гост ќе биде и HRH Princess Haya Bint Al Hussein, а во рамките на истиот ќе биде организирана и хуманитарна ревија на рачно изработени шапки.
Здружнието Дајте ни крилја ќе биде корисник на хуманитарните средства кои ќе бидат собрани и искористени за купување на коњ за хипотерапија и обучување на хипотерапевти.
Во прилог се известувањето од Дајте ни Крилја, како и детали за програмата.
Со почит
Дајте ни крилја