Скопје, 27.04.2011
Соопштение за медиуми
Здружението на граѓани „Дајте ни крилја“ почнува со организација на тренинзи за пливање за децата со ментална и физичка дисфункицја
Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“ од овој месец започнува со одржување на тренинзи за пливање и рекреативно пливање за децата со ментална и физичка дисфункција.
За одржување на тренинзите во рекреативно пливање волонтираат двајца професионални едукатори од Србија, професори при Факултетот за спорт и физичко воспитување во Белград, кои на 27, 28 и 29 април активно ќе работат како со децата со инвалидитет, така и со група македонски тренери кои понатаму ќе ги реализираат обуките.
Истите имаат за цел нивна интеграција и социјализација преку спорт и рекреација, со што на децата со различни ментални и физички попречености им се овозможува полесен и побрз напредок, но и чекор напред кон нормалното функционирање.
Имено, преку вакви обуки и натпревари во пливање досега е забележан голем развој кај децата од сите категории инвалидитети (церебрална парализа, ампутација, лица со оштетен слух, лица со оштетен вид – слепи или слабовидни, итн.), како на физичко, така и на ментално и духовно ниво.
Целата иницијатива ќе биде предводена од нашиот пливачки тренер Наташа Мешковска под патронат на Здружението „Дајте ни крилја“, која волонтерски да го поддржи овој проект.