Дајте ни крилја :: Архива 2013


AHOS

Active and Healthy Olympic Seniors - Erasmus +

повеќе >

 


Пристапница

Станете дел од нашето здружение и допринесете кон подобар и посреќен свет...

повеќе >

 


Прашај го докторот

Добијте одговори за сите прашања поврзани со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби...

повеќе >

 


Подарете лек или друго

повеќе >

 


Bal na razlicnosti bal

 

Бал на различности

06.03.2013

 

Дали сте се запрашале како е да се биде родител на дете со посебни потреби. Секојдневно се соочувате со проблеми за кои немате долготрајно решение..



Ball of Diversity

We have the honor and pleasure of inviting you to the first Ball of Diversity organized by the Association for persons with dysfunctions, handicap ...



 

Донаторска продажна изложба

25.02.2013 година (Понеделник), 20ч

Галериски простор на НЛБ Тутунска банка, ул. Водњанска бр.1, 1000 Скопје




14.02.2013

Донација во ЈЗО Мајчин дом

Опремата која што ке ја донираме е составена од : Клима уред, панел за греење, компјутер, огледала, држачи за вежбање и радио.



02.01.2013

Новогодишни пакетчиња во игротека Имагинариум во CityMall

Здружението Дајте ни крилја организираше дво часовно дружење низ игра со Дедо Мраз.



Покана за учество на форуми за вклучување на деца со нетипичен развој во општина Аеродром

Во рамките на Програмата ,,Форуми во заедницата,, во Општина Аеродром Здржениетo ,, Дајте ни крилја,,   зема активно учество со свој план проект...





WHERE IN THE WORLD IS TSC?



Извештај за Балот на Различности 2012


Тимот на здружението Дајте ни крилја,на ден 06.03.2013 година во Македонската Опера и Балет под раководство на Ребека Јанковска - Ристески...



Хуманитарна акција "Подари книга"

 

Некогаш Некаде

Енциклопедија? Не е. Можеби е само вовед во една епопеја, сведок на едно време, на едно место, во еден планински масив.



Благодарност

На 25 Мај 2013 година се одржа промоција на книга со носталгичен наслов НЕКОГАШ И НЕКАДЕ на авторот Зоран Спасов кој е познат по неговата прва книга која ги надмина сите рекорди во читаност во Македонија и меѓу нашите иселеници во Канада ТИБАМ СТРКОТ

Оваа книга говори низ многу интересен, комичен израз за некои минати времиња кога сите живеевме во СФРЈ и не потсетува на сите мали слатки нешта кои ни го разубавуваа животот, а и големи нешта кои се случуваа и не правеа безгрижни и сплотени благодарение на Другарот ТИТО....

 



ВИДЕО: Тунел - Инклузија на децата со нетипичен развој


Гости: Ребека Јанковска Ристески; Маја Лазаровска; Елена Ивановска - Биро за развој; Жанета Чортева - Министерство за образование
Тема: Општествена инклузија на децата со нетипичен развој
Датум на емитување: 18/02/2013 - МРТВ



Повторно Терапевтско Пливање


На 15 Октомври повторно  започнува терапевтското пливање во истите термини од понеделник до петок во 16:00 часот во базенот Карпош...

 

 



Писмо - Протест


Почитувани родители, Пријатели, Донатори, Драги наши дечиња. Здружението Дајте ни Крилја со жалење констатира дека  нашите деца со посебни потреби не преставуваат приоритет за системот кој сите го градиме, финансираме и живееме. Одлуката за вработување на 294 психолози и педагози по училиштата низ Р. Македонија, громогласно ќе ја поздравевме доколку некој се сетеше на нашите маки...



Известување

По повод продолжување на проектот Тереапевтско пливање, соглсано со политиката на здружението Дајте ни крилја, и влегување во втора фаза на целиот проект, се со цел да го заживее и етапно го предаде на компетентни институции на ден 09.10.2013 со почеток во 14 часот во просториите на Факултетот за Физичка Култура и Здравје - Скопје, ќе се одржи прес конференција на кој потпише меморандум за соработка помеѓу Дајте ни крилја и Факултетот.

Овој проект функционира веќе 2 години во склоп на активностите на здружението Дајте ни крилја.



Меморандум за соработка



Обука по терапевтско пливање

Ве информираме дека  на ден 16.10 (среда) и 17.10 (четврток) 2013 год ќе се одржи семинар обука по терапевтско пливање.

 

Свое излагање ќе имаат  Вујца Живковиќ - Декан и професор по кинезитерапија, Ленче Алексовска - Величковска - Продекан за наука и професор по спортска психологија, Милан Наумовски - продекан за настава и професор по кошарка и Наташа Месковска - професор по пливање и ватерполо. Сите од факултетот за Физичка култура и стручно лице Веселин Луковиќ тренер по терапевтско пливање од Р. Србија....



Одржан семинар - обука по терапевтско пливање


 

На 16.10.2013 - 17.10.2013 година се одржа семинар - обука по терапевтско пливање од страна на  предавач (тренер инструктор) по терапевтско пливање по Halliwick метода од Република Србија г-дин Веселин Луковиќ...


Како до инклузивни училишта: предизвици, искуства и предлози
Трибина иницирана од родители со поддршка на ,,Дајте ни Крилја и ,,Трисомија 21
 
Датум: 24.10.2013, 12:00
Локација: Центар за Странски Јазици


Како до инклузивни училишта: предлози за акција

 - втора трибина поддржана од родители, професионалци и организации -


Датум: 22.11.2013

Време: 12:00 – 13.30

Локација: ЕУ Инфо Центар



“Дајте ни Крилја” донираше рачно изработени едукативни играчки во "Срничка"

На ден 25.10.2013 год. во просториите на ЈДГОЛ “Срничка” во населбата  Аеродром  здружението “Дајте ни Крилја” донираше рачно изработени едукативни играчки, ...



Благодарност до Т-Mobile и игротеката "Имагинариум"

 



"Физиотерапија Македоника" - Бал на различности

06.03.2013


Пребарување



Дајте крилја



Бидете хумани, дајте им крилја на оние на кој највеќе им требаат. Донирајте на:

жиро сметка
300000003190463
Комерцијална банка АД Скопје.

210-0665242501-41
NLB Тутунска Банка

девизна сметка

0270100278631

Комерцијална банка АД Скопје

ИНФОРМАЦИИ
 

 Име на маратонот
Скопски маратон

 Датум и време на одржување
8 Мај 2011, 09.00 часот

 Старт и Цел
Стартот за сите трки е на улицата Димитрие Чуповски (кај Вегера). Сите учесници треба да бидат на стартот најдоцна до 8.30 часот на 8 Мај 2011. Целта на сите трки е кај Плоштадот Пела.

 Покровители
Град Скопје, Мисија на Европската Унија, Агенција за млади и спорт

 Организатори
Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска Федерација на Македонија и АК “Работнички” – Скопје

 Помагатели
Министерство за внатрешни работи, АРМ и Црвен Крст на Град Скопје.

 Други учесници во организација
Во организација на Скопскиот Маратон како и секоја година учествуваат и: Факултет за Физичка Култура, ДСУ М.М. Брицо, Јавните претпријатија на ГрадСкопје, Градски Планинарски Сојуз, Сојуз на спортски Федерации на Македонија, други Спортски здруженија, над 400 волонтери.

 Адреса на организаторот
Сојуз на спортови на Скопје
ул. Ј.Х.Џинот бр.12 а
1000 Скопје, Македонија

 Трки
- 42.195 км - маратон / старт 09.00
Право на учество имаат лица постари од 18 години. Нема да биде дозволен настап на лица под 18 години на денот на трката. Се трчаат два круга низ улиците на Скопје. Стартнината за оваа трка изнесува 400 денари. Секој натпреварувач добива стартен пакет. Пријавувањето ќе се врши како што е предвидено во упатството за пријавување. Категории:машки и женски
- 21.097 км - полумаратон / старт 09.00
Право на учество имаат постари од 16 години. Помладите од 18 години треба да имаат писмена согласност од родителите. Се трча еден круг низ улиците на Скопје. Стартнината за оваа трка изнесува 400 денари. Секој натпреварувач добива стартен пакет. Пријавувањето ќе се врши како што е предвидено во упатството за пријавување. Категории:машки и женски
- 5 км - Хумани и активни, хуманитарна трка за рекреативци / старт 09.05
Оваа трка е од масовен карактер наменета за сите граѓани. Право на учество имаат сите постари од 15 години, а помладите од 18 години треба да имаат писмена согласност од родителите. Се трча еден круг низ улиците на Скопје. Стартнината за оваа трка изнесува 200 денари. Пријавувањето ќе се врши како што е предвидено во упатството за пријавување. Категории:машки и женски
- 2 км (за основни училишта)  / 17 април, кеј на реката Вардар, старт 10.00
Скопскиот Мини Маратон ќе се одржи на 17 април на кејот на реката Вардар. Оваа трка е од масовен карактер наменета за учениците од основните училишта од Скопје. Пријавување за оваа трка ќе се врши преку основните училишта и сите учесници треба да имаат писмена согласност од родителите.Категории:машки и женски

 Пријавување
Пријавувањето за учество во маратонот, полумаратонот и трката на 5000 метри ќе се врши на следниве начини:
- со испраќање на пријава по факс на +389 2 3228624 или + 389 2 3117687
- пополнување на он-лине формулар на веб страната на маратонот

 Рокови за пријавување
Рок за пријавување за учество во маратонот, полумаратонот и трката на 5000 метри:
- за маратонот најдоцна до 05 Мај 2011
- за полумаратонот најдоцна до 05 Мај 2011
- за трката на 5000 метри најдоцна до 06 Мај 2011

 Освежитлни станици
Ќе има осум (8) освежителни станици низ целата должина на патеката, со потребните количини на вода и лимун.

 Прва помош
Прва помош ќе има на четири места на патеката, а во движење низ целата должина на патеката ќе има и неколку возила со медицински персонал. Исто така докторска екипа ќе има и на целта на патеката.

 Стартен пакет
Стартен пакет ќе добијат учесниците во полумаратонот и трката на 5000 метри, кој ќе се состои од следните работи: маица со логото на трката, стартен број, програма за трката и освежување.
Стартниот пакет ќе се подига во Сојуз на Спортови на Скопје (тел: +389 2 3228624), на 5 и 6 мај од 10.00 до 19.00 часот, и на 7 мај од 10.00 до 17.00 часот. На истото место ќе се наплаќа и котизацијата.

 Награден фонд
Во трката 5000 метри најдобрите 3 во машка и женска конкуренција ќе добијат стокови награди. Во маратонската трка најдобрите 7 во машка и 5 во женска конкуренција ќе добијат парични награди. Парични награди ќе добијат и најдобропласираните домашни натпреварувачи во маратонската трка. Во полумаратонската трка најдобрите 3 во машка и женска конкуренција ќе добијат парични награди.

 Времетраење
Временскиот интервал за којшто натпреварувачите во трката на 5000 метри треба да стигнат до целта е 1 час по почетокот на трката. После рокот на натпреварувачите на 5000 метри нема да им биде дозволено да ја поминат целната капија.
Временскиот интервал за којшто натпреварувачите од маратонската и полумаратонската трка треба да стигнат до целта е 5 часа по почетокот на трката. По зададениот рок сите натпреварувачи ќе бидат отстранети од патеката.

 Покровители
Коце Трајановски - Град Скопје
Петер Соренсен - Мисија на Европска Унија во Македонија
Диме Спасов - Агенција за млади и спорт
 
 


                                          

 


Да бидеме пријатели


 


Пријатели