Благодарност

На 25 Мај 2013 година се одржа промоција на книга со носталгичен наслов НЕКОГАШ И НЕКАДЕ на авторот Зоран Спасов кој е познат по неговата прва книга која ги надмина сите рекорди во читаност во Македонија и меѓу нашите иселеници во Канада “ТИБАМ СТРКОТ”
Оваа книга говори низ многу интересен, комичен израз за некои минати времиња кога сите живеевме во СФРЈ и не потсетува на сите мали слатки нешта кои ни го разубавуваа животот, а и големи нешта кои се случуваа и не правеа безгрижни и сплотени благодарение на Другарот ТИТО.
Зоран Спасов кој е голем пријател на нашето здружение одлучи сите средства од продажбата на книгата “НЕКОГАШ И НЕКАДЕ” да бидат наменети за Здружението Дајте ни крилја и лицата со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби.
Ти благодариме Зоф !!!
Воедно им благодариме и на Датапонс.