На 16.10.2013 - 17.10.2013 година се одржа семинар - обука по терапевтско пливање од страна на предавач (тренер инструктор) по терапевтско пливање по Halliwick метода од Република Србија г-дин Веселин Луковиќ.
Обуката се состоеше во два дела теоретски и практичен дел кои се одржаа на факултетот за физичка култура, конгресната сала при СЦ “Борис Трајковски” и базенот при самиот спортски центар.
На самиот почеток на обуката свое излагање имаше деканот на ФФК и професор по кинезитерапија Вујица Живковиќ, како и професорот по пливање и ватерполо Наташа Мешковска.
На обуката беа присутни, студенти волонтери од факултетот за физичка култура кои по потпишувањето на меморандумот за соработка со ФФК и нашето здружение ќе бидат дел од овој проект “слобода во вода” кој здружението дајте ни крилја веќе трета година успешно и во континуитет го спроведува.

Посетеноста беше во огромен број и со тоа може да се каже дека семинарот - обука беше успешно завршен.
НА ДЕН 28.10.2013 ГОДИНА ОТПОЧНУВАМЕ ПОВТОРНО СО ТЕРАПЕТСКО ПЛИВАЊЕ НА БАЗЕНОТ ПРИ С.Ц. “БОРИС ТРАЈКОВСКИ” –СКОПЈЕ.
ТЕРМИНИТЕ СЕ ИСТИТЕ КАКО И ДО СЕГА СЕКОЈ ДЕН ОД 16.00 - 17.00.
информации и пријавување на тел. број на Дајте ни крилја 02 2457-704
и мобилен тел 078/ 758-635 контакт Катарина





Share on Facebook