
14.02.2013
Донација во ЈЗО Мајчин дом
Почитувани,
Ве известуваме дека компанијата Арцелор Миттал Скопје ЦРМ АД Скопје, чија основна дејност е производство на ладновалан, поцинкуван и пластифицира лим, на 18,02,2013 ке изврши донација во ЈЗО Мајчин дом со цел да им помогне на лицата со посебни потреби. Опремата која што ке ја донираме е составена од : Клима уред, панел за греење, компјутер, огледала, држачи за вежбање и радио.
Донацијата има за цел да ги подобри и олесни условите за работа во просториите на ЈЗО Мајчин дом во кој лицата со посебни потреби ги изведуваат секојдневните активности.
Со цел да задоволи дел од потребите на лицата со посебни потреби, АрцелорМиттал Скопје стапи во контакт со здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби “Дајте ни крилја”.
Би сакале да ја истакнеме нашата благодарност за соработката со здружението “Дајте ни крилја”.
Погледнете ја галеријата од настанот тука.
Со почит
Арцелор Митал Скопје ЦРМ АД Скопје
Тим за корпоративна и општествена одговорност