Како до инклузивни училишта: предлози за акција - втора трибина поддржана од родители, професионалци и организации -
Датум: 22.11.2013
Време: 12:00 – 13.30
Локација: ЕУ Инфо Центар
На 24.10.2013 се одржа трибина за инклузивно образование на која своите искуства, проблеми и мислења ги изразија лица со попреченост, родители, образовни работници, преставници од невладини организации како и претставници од разни институции вклучувајќи ги Општина Карпош, Министерство за образование и наука, Биро за развој на образование, делегација на ЕУ, Советник за труд и социјална политика. На самата трибина, а и на неколку средби и поединечни консултации после неа, се издвоија конкретни ставови кои ги сумиравме во два документа – извештај со ставови на родителите и извештај со ставови на професионалците во однос на инклузијата.
На 22.11.2013 во просториите на ЕУ Инфо центарот би сакале да ги презентираме и продискутираме заклучоците од извештаите и конкретните предлози кои ќе бидат доставени до надлежните институции. Сметаме дека е крајно време инклузијата да стане еден од националните образовни приоритети, со оглед на тоа што само во последните неколку години беа воведени најразлични реформи (компјутер за секое дете, екстерно оценување, IB PYP). И покрај тоа што инклузијата како концепт се разработува уште од 1998 година, лицата со попреченост и денес се соочуваат со најразлични бариери во образованието.
Се надеваме дека овие предлози ќе бидат сериозно разгледани и дека конечно лицата со попреченост ќе можат да ги уживаат правата кои им се гарантирани со закон и со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост – ратификувана од Р.Македонија во декември 2011 година.
Програма:
12:00 Презентација на извештаите од родителски и професионални ставови
12:30 Презентација на предлози за акција
13:00 Дискусија
Share on Facebook