Покана за воведен семинар по терапевтско јавање
Почитувани,Ја имаме таа чест да Ве поканиме на воведниот семинар по терапевтско јавање кој ќе се одржи на 12.10.2012 и 13.10.2012 год. во конгресната сала на спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Семинарот ќе го води Наташа Гоџирова која е единствениот лиценциран инструктор тренер по терапевтско јавање во Република Македонија зад чија обука застана токму Здружението,,Дајте ни крилја,, и ја финансираше целата обука која се одвиваше во Република Србија. Таа своето знаење и долгогодишно искуство ќе го пренесе на присутните.
Семинарот е наменет за родителите на деца со нетипичен развој,развојни работници како дефектолози,физеотерапевти,логопеди,социолози, психолози и други заинтересирани лица кои понатаму би се вклучиле волонтерски да помогнат во целиот тој процес на терапевтско јавање.
Термините на семинарот ќе бидат во следните термини:12.10.2012 год.-петок со почеток од 14.00 до 17.00 часот, а 13.10.2012 год.- сабота со почеток од 09.00 до 14.00 часот ( со пауза во 12.00 часот)На семинарот првиот ден ќе биде обезбедено пијалок,а вториот ден пијалок и ланч пакет.
Котизацијата за семинарот ќе биде 600 денари.Во прилог на агендата и организацијата на семинарот Ве молиме да ни го потврдите Вашето присуство најдоцна до 10.10.2012 год.-среда на телефонскиот број во ,, Дајте ни крилја,,02457-704 лице за контакт Катарина 070/827-207 и на email:dajtenikrilja@yahoo.com
Со почит Здружение ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА
Подолу во текстот можете да се запознаете со основните податоци за терапевтското јавање и корисноста од него.
Хипотерапија - терапевтско јавање
Опис
Јавањето коњи како терапија е специфичен облик на третман и рехабилитација на личности со инвалидитет, која се применува во светот повеќе од 30 години. Кај нас се применува од август 2010 год. и се уште е на хуманитарна основа.
За таа намена потребни се специјално обучени грла (коњи), чија обука трае најмалку 2-3 год. Грлата специјализирани за оваа намена имаат висока цена на пазарот, која изнесува и до 2 500 - 10 0000 евра, за разлика од другите грла кои се користат за спортски намени.
Делотворноста на терапевтското јавање – хипотерапија
Со самиот престој во природа и контакт со овие животни, кои имаат благотворно и смирувачко дејство, се постигнува непречен пренос на движења на грбот на коњот до корисникот и негово прилагодување на самите движења како и пренос на телесната температура, која е многу значајна за загревање и опуштање на мускулниот тонус на корисникот. Поради тоа оваа врста на дружење е пособно погодна за деца со пречки во развојот. Стануваат трпеливи и сигурни, постигнуваат емоционална контрола и самодисциплина, им се менува однесувањето, но и нивната здравстевена состојба се подобрува. Допринесува за нормализирање на мускулниот тонус, намалени стреотипни движења, контрола на држење на телото и рамнотежа, симетрија на движења и концентрација. Едноставно влијае на општата психосомоторна состојба на детето.
Нејзина примена
Во терапијата со терапевтско јавање учествуваат корисници со широк спектар н дијагнози: телесни оштетувања, оштетувања на слух и вид, церебрална парализа, мозочен удар, даунов синдром, искривување на `рбетниот столб, мултипла склероза, стравови, трауматска повреда на мозокот, аутизам, психички развој, ментален равој, телесни потешкотии, хиперактивност, депресија итн.
Цели на терапевтското јавање
Целта на оваа терапија е да се постигне што поголема социјализација, поголема комуникација и согледување на општествените правила и норми.
Нејзина реализација
Терапевтското јавање кај нас го води терапевтскиот инструктор заедно со неколку ентузијасти кои се од голема помош и им помагаат на децата со попреченост од Скопските училишта и организации, дневни центри и поединци во дружбата со овие животни.
Терапевтскиот инструктор раоводи и организира се околу терапиите, а воедно се грижи за своите помошници и за нивната безбедност.
Принцип на работа
Директен или индиректен контакт со закажување на термин (со задолжителна препорака од доктор). Во случај на преголем број на корисници, се прави листа на чекање (зависно од моменталните услови). Корисниците не смеат да бидат помали од 3 год. и да не се потешки од 75 кг.
Терапија
Секоја терапија има посебен вид на настава, зависно од состојбата на корисникот.
*Запознавање со коњите и новно ослободување,
*Настава во штала,
*Дружење, чистење и хранење на коњите,
*Терапија со водење на коњот,
*Терапија на коњ,
*Настава на терен (за оние кои ја имаат совладано вештината на јавањето во нормален степен),
*Разновидни акции, работилници и заеднички дружења.
Прекрасно е што секојдневно расте заинтересираноста на корисници на овој вид терапија, а посебни се радуваме што нивната љубови грижа за обие племенити животни е на прво место, а со тоа ние делуваме позитивно на нивниот правилен раст и развој, заедно со нашите најверни соработници КОЊИТЕ.
ОД НАТАША ГОЏИРОВА
ТРЕНЕР ЗА ДРЕСУРА И СПОРТСКО ЈАВАЊЕ
И ИНСТРУКТОР ЗА ТЕРАПЕВТСКО ЈАВАЊЕ