Хидротерапија
Пливачата школа ”Наташа” и Здружението ”Дајте ни крилја” извесен период заедно работат на вклучување на терапевтското пливање во палетата на понуда на лицата со хендикеп.
Спортот кај лицата со инвалидитет може да се разгледува од повеќе аспекти:
- Вклучување на овие лица во социјалните интеракции (инклузија)
- Подобрување на психолошката состојба преку спорт
- Висока мотивираност на инвалидите преку организација на натпревари
Значително подобрување на физичката состојба (терапија во вода – хидротерапија).