Рингераја повторно даде прегратки на дар
Хуманитарната акција едноставно насловена „ Прегратка на Дар“ која е во организација на интернет медиумот Рингераја.мк и овојпат беше успешно реализирана. На 11.02 во игротеката Dreamland во Т.Ц. Соравија се одржа уште еден од многуте часови по хуманост организирани од членките на Рингераја и нивните дечиња.
Искрената акција во која децата поттикнати и поддржани од возрасните создаваат играчки, честитки и слично за други деца има за цел да ги поврзе дечињата, да ги поттикне на сочуство, пријателство и добри дела.
Поводот за уште еден ваков собир овојпат беше апелот за помош што една самохрана мајка го имаше упатено до Рингераја.мк но и подарување прегратки и дружење со децата од здружението „Дајте ни крилја“. Од страна на членките на Рингераја.мк беа донирани како парични средства така и помош во облека, средства за хигиена и друго, но пред се ја вложија својата хуманост.
Она што секако остана забележано е неизмерната благодарност на мајката, но и немерливата радост на децата од Рингераја и здружението кои меѓусебно се дружеа. Ова е еден од најдобрите начини на рушење на барикадите, предрасудите и стигмите што ги имаат лицата со посебни потреби, ретки болести и дисфункции.
Здружението „Дајте ни крилја“ упатува благодарност до Рингераја.мк , на сите што донираа и дадоа сво придонес, но и до сите што присуствуаа и чествуваа во акцијата.
Фотогалерија