Се одржа конференцијата „Слобода во вода“
Во периодот од 17-19 октомври во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа конференцијата „Слобода во вода“.Ова беше првиот тренинг кај нас за работа во вода со лица со посебни потреби. Конференцијата беше организирана од здружението „Дајте ни крилја“ во соработка со пливачкиот клуб „Наташа“ и агенцијата за односи со јавност „Пристоп МК“ од Скопје.
Предавач и тренер на курсот беше г- нот Johan Lambeck- Виш предавач на Halliwick програмата.
Концептор „Halliwick“ е најпозната метода за совладување на пливањето на лица со посебни потреби. Концептот вклучува ментално и физичко прилагодување во вода, релаксација, контрола на дишење, контрола на рамнотежа и движење во вода.
Иако се развила како метода на учење на лица со посебни потреби денес таа успешно се употребува и за обучување на лица кои немаат посебни потреби.Методите за учење кои се применуваат влијаат на општото подобрување на сите способности на личноста, па со тоа Halliwick се повеке се користи во терапевтски цели.
На семинарот учествуваа инструктори по пливање, физиотерапевти, дефектолози, медицински сестри, лекари, родители и волонтери.
На крајот од конференцијата учесниците добија сертификати за учество признати од Меѓународната Halliwick Федерација и од Хрватскиот пливачки сојуз на лица со инвалидитет.
Фотогалерија