„Децата и коњите-благородна поврзаност на дух и емоции“
Уште една иницијатива во правец на финална реализација на поставената цел, т.е. обезбедување на целосниот планиран износ.
Имено, на 25.10.2015 год. (недела) со почеток во 10.00 ч, во рамки на КУП на Македонија, во организација на КК “Дона” - Радишани се одржа хуманитарен настан-цртање цртежи на темата „Децата и коњите-благородна поврзаност на дух и емоции“. Цртежите ги изработуваа деца на возраст од 5 до 12 години и беа наменети за продажба на истиот настан, а средствата ќе бидат наменети за набавка на коњ за хипо-терапија, како финална фаза во реализација на веќе започнатата активност.
Благодарност до сите !!!
Со почит
ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА



















