Еве како беше на Првото предавање на тема – “ Кучиња водичи и колку кучињата можат да им помогнат на лицата со посебни потреби и лицата со други здравствени проблеми “ каде што и практично беше покажана работата на обучените кучиња .
Важно е да кажеме дека истата ја посетија четириесеттина посетители - родители,лица со посебни потреби,развојни работници,меѓу кои и потенцијални идни тренери,дресери кои што претдавачот Тони Стојчевски( Dog Help Internacional )ќе ги обучи без никаков надомест.
Им благодариме на нашите пријатели ТЦ Гранд Плаза,Dog Help Internacional, ROYAL CANIN, Др.Жарко Костиќ кои ни излегоа во пресрет за реализација на целокупниот настан,како и до сите кои медиумски не поддржаа.
Ја користиме оваа прилика да му се заблагодариме на Тони Стојчевски( Dog Help Internacional )кој подари две кученца кои ќе ги обучи.
Едното го подаривме на “ДАСКАЛ АБВ “-Центар за рехабилитација и реедукација на деца со потешкотии во развојот ,а другото на детенце со SMA ( Јане Велковски ).
За сите понатамошни активности ќе Ве информираме дополнително
Со почит
ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА