Пливачки маратон ИЛИНДЕН 2017
Почитувани наши членови,пријатели и поддржувачи, Ве известуваме дека при крај сме со последните подготовки и тренинзи на нашите тројца учесници на претстојниот пливачки маратон ИЛИНДЕН 2017 кој ќе се одржи во Охрид на 02-Август 2017 година.
Наше огромно задоволство, ни претставува што за прв пат нашите членови Борјан Јовановски,Далибор Стојковски и Кристијан Илиќ ќе земат учество на еден ваков настан ,а со тоа ќе отворат нова страница во историјата на Охридскиот пливачки маратон и на пливањето во Македонија и пошироко.
Овие наши момци кои се спремни за предизвици и успеси напорно тренираа во изминатата година и беа освојувачи на неколку први,втори и трети места на двата пливачки купа на Р.Македонија , а беа предводени од инструкторот Панче Игнов .
Особено сме горди што нашите храбри момци уште еднаш ќе покажат ако се сака се се може и дека упорноста,желбата за напредок, верувањето во себе и во другите кои се поразлични од тебе доведуваат до успех.
Затоа Ве покануваме во Охрид на 02 Август сите да им дадеме поддршка и да им се израдуваме заедно на нивниот успех !!!!
СО ПОЧИТ
ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА









