ПРОЕКТ-ИНКЛУЗИВНИ ПРАКСИ ВО МУЛТИЕТНИЧКИ СРЕДИНИ (Кичево)
Во склоп на активностите од проектот “ ИНКЛУЗИВНИ ПРАКСИ ВО МУЛТИЕТНИЧКИ СРЕДИНИ “ - поддржан од Европска Унија и Маргина Обскура ,тимот на Дајте ни крилја и тимот на РЕСУРСЕН ЦЕНТАР на родители на деца со посебни потреби кои се партнери во овој проект одржаа две презентации за одделенски наставници од македонска и албанска националност. На презентациите беа претставени двата прирачници “ Прирачник за инклузивно образование -општ дел “ и „Прирачник за инклузивна настава-примери “(адаптирани и преведени ) Презентациите се одржаа на ден 19.10.2018 во Кичево -Хотел Арабела
– Нашата денешна презентација имаше за цел да ги промовира двата прирачника за инклузија во образованието. Овој е проект на „Дајте ни крилја“ ресурсен центар.„Полио плус-Маргина Обскура“, се вика една организацијата која опфаќа повеќе здруженија меѓу кои и „Дајте ни крилја“. „Маргина Обскура“ преку Поли плус аплицираше во европските фондови , за ние да добиеме дел од овие средства, да го направиме овој проект кој на нив им се виде добар.Проектот се состои од два прирачника од кои едниот е општ дел инклузија во образованието, а вториот прирачник е практичен дел за лица со попреченост.Таму има примери,графикони,па и портали, од кои наставниците можат да добијат подетални информации – рече претседателката на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска-Ристески. (извор Нова Македонија)
Во продолжение преседателката Јанкоска-Ристески додаде, дека таргет во оваа акција се средините каде што има мултиетничко општество, граѓани од други националности, акцент е ставен на албанското население, затоа што дојдовме до заклучок дека меѓу албанското население постои поголема стигматизација, или потешко ги прифаќаат овие деца во системот на образованието, и дека на овие наставници им треба поголема едукација.
На присутните на оваа презентација им се обрати и претставничката на донаторот ОБСЕ, Софи Бумо, раководител на програми. З.А.









