ПРОЕКТ- ИНКЛУЗИВНИ ПРАКСИ ВО МУЛТИЕТНИЧКИ СРЕДИНИ ( Гостивар )
Во склоп на активностите од проектот “ ИНКЛУЗИВНИ ПРАКСИ ВО МУЛТИЕТНИЧКИ СРЕДИНИ “ - поддржан од Европска Унија и Маргина Обскура ,тимот на Дајте ни крилја и тимот на РЕСУРСЕН ЦЕНТАР на родители на деца со посебни потреби кои се партнери во овој проект одржаа две презентации за одделенски наставници од македонска и албанска националност. На презентациите беа претставени двата прирачници “ Прирачник за инклузивно образование -општ дел “ и „Прирачник за инклузивна настава-примери “(адаптирани и преведени ) Презентациите се одржаа на ден 26.09.2018 во Гостивар -Хотел Гили









