Почитувани,
Со огромно задоволство сакаме да споделиме дека во периодот од 08.02–11.02.2018 година успешно се реализира Првиот семинар /обука по терапевтско пливање (Halliwick) концепт на кој учество земаа 13 лица кои се здобија со Меѓународна лиценца за работа по оваа програма.
Сето тоа беше организирано од страна на нашето здружение Дајте ни крилја,предавач на семинарот беше Проф.Др.Рајко Вуте од Halliwick Ааоцијацијата на Р.Словенија.
Семинарот се одржуваше во Хотел Русија Спа Центарот(практичниот дел )и во просториите на Универзитетот ФОН(теоретскиот дел ),на кои и јавно им се заблагодаруваме што ни излегоа безрезервно во пресрет и ни ги отстапија своите простории за реализација на активностите на овој семинар.
Сето тоа во насока на подигнуванње на квалитетот и стручноста на работа со оваа категорија на лица,лица со посебни потреби кои се дел од проектот терапевтско пливање,проект кој успешно и во континуитет опстојува веќе 7 години .
Со почит
ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА