Почитувани ,
Со огромно задоволство сакаме да ја споделиме информацијата дека денеска на 05.12.2018 год. во 11:00 часот , беше отварена првата сензорна соба- Ресурсна училница во ООУ „Димо Хаџи Димов“, во Влае( Општина Карпош).
Идејата и иницијативата е на Здружението на граѓани за лица со дисфункции,хендикеп,ретки болести и посебни потреби ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА –Скопје, а за реализација на истата наидовме на огромно разбирање пред се од Општина Карпош(со која пролетта потпишавме меморандум за соработка) и Градоначалникот на Општина Карпош Г-ин Стефан Богоев.
Несебична подршка добивме од Меѓународно училиште НОВА -Скопје ,Реплек Фарм ( Хубо Маркет)-Скопје ,Медикус хелп -Скопје и ПРГ ДООЕЛ -Скопје.
Станува збор за просторија која ќе го олесни престојот и воспитно - образовниот процес на учениците со попреченост. Опремена е со посебни реквизити, сензорни светла, прилагодени дидактички материјали, мебел и сл.
Потребата за создавање на ваква училница е неминовен дел од инклузивниот процес ,кој во училиштата започна да се реализира од неодамна.
Благодарност до сите кои допринесоа за остварување на оваа наша иницијатива , за целокупната поддршка и соработка која несебично ни ја дадоа .
Со почит
ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА

"Новата сензорна соба за ученици со попреченост во ООУ „Димо Хаџи Димов“ има за цел да го олесни воспитно – образовниот процес, во моментите додека ја следат наставата. Просторијата е опремена со посебни реквизити, сензорно осветлување, дидактички материјали (играчки, коцки и сложувалки), таблет, телевизор, мебел и др.
Посочив дека 365 ќе работиме на подобрување на статусот на лицата со попреченост. Продолжуваме со ова темпо."