Рецепти и препораки
Aткинсонова диета против епилептични напади
Полнети пиперки
Измешајте го меленото месо со сол и пипер и пржете додека зацрвени. Исцедете го и додајте сос од домати. Додајте пармезан, босилек, магдонос, црн пипер и сол и добро измешајте ги со месото. Исечете ги бабурите на половина. Ставете ги пиперките во стаклена тава и ставете ги да се потпечат (можете да ги ставите и во микробранова 15 мин). Кога ќе омекнат, наполнете ги со месото. Попрскајте ги со кашкавалот. Ставете ги повторно во рерна се додека кашкавалот не омекне.
Chicken mayo parmesan with zucchini
Исечете ја тиквицата на подебели кругови. Растопете 1 лажица путер во тавче за пржење и пржете ги додека омекнат. Попрскајте со пармезан.
Пржете го пилешкото од двете страни се додека не зацрвени. Ставете мајонез на двете страни на пилешкото и вратете го на огин. Попржете го од двете страни. Тргнете го и попрскајте со пармезан.
Опција: Можете да го замените путерот со маслиново масло и користете тавче што не загорува ако сакате храната да биде помалку мрсна. Може да додадете брокули, кромид, лук и домати.
Easy diet tips:
- Измешајте масло, оцет, кисела паввака (или мајонез) и сол. Измешајте и употребете го за салата.
- Зачинете месо, риба, зеленчук со путер измешан со мирудии.
- Измешајте путер, мајонез, маслиново масло и мирудии. Оставете го да отстои 3 дена. Користете го како додаток.
- Зачинете хамбургер со мајонез од мирудии.
- Можете да додадете и малку вода врз мајонезот за развлажнување кога го користите за да додадете вкус.
Кога пржите:
Измешајте зеленчук и месо од ѓумбир, лук и сојин сос.
Кремаста супа:
- Испржете зеленчук во путер. Додадете месо и млечен крем. Гответе додека згусни. Ако згусни многу додадете и малку вода.
Замрзнете млечен крем со засладувач за еден час. Служете го како лижавче (по желба).
Chocolate- macadamia muffins
Одвојте ги јајцата (жолчка од белка) и ставете ја белката во сад. Додадете крем од тартар и 35 капки од засладувач (sweet and low). Измешајте се додека не се формира затврдена маса. Во одвоен сад измиксирајте јајца и ванила и изматете добро. Измешајте ги заедно брашното, какаото, зрнестите плодови (macadamia) и преостанатиот дел од засладувачот. Ставете ги и жолчките и матете добро.
Додадете белки (една голема лажица) со жолчките како би се постигнало погуста маса. Внимателно виткајте го тестото во белка како не би го испуштиле. Испрскајте го тавчето за мафини со спреј од масло и внимателно пополнете ги празнините со тесто. Печете во рерна веќе стоплена на 180 степени 25 минути. Кога сте готови оставете ги да оладат. Веќе оладени, подгответе го филот. Избијте го филот додека стане кремаст. Ставете го врз мафините и попрскајте со добро исецкан macadamia (зрнест плод).
Француски тост
Добро изронете ги чварките се додека не добијат облик на мрвици (ставете ги во блендер). Ставете ги настрана. Изматете ги јајцата добро, измешајте ги со останатите состојки и изматте повторно. Додадете го изронетото месо во составот од јајца и млечен крем и оставете да отстои до 5 минути. Составот ќе згусне.
Во меѓувреме, загрејте го тавчето со путер или масло, испржете ги како палачинки се додека позлатат од двете страни. Сервирајте со јаворов сируп ниско-калоричен.
Пире од компири
Сварете го карфиолот. Нека зоврие и намалете го огинот. Со подотворен капак варете 15-20 минути се додека не омекне. Исцедете добро. Во мала здела ставете крем сир и путер. Ззатоплете 40 секунди да омекне смесата. Ставете го карфиолот во блендер. Додадете кисела павлака, крем сир, путер, прав од кромид, сол и пипер. Додадете жолчка и добро измиксирајте. Додадете пире во прав и миксирајте додека тестото направи- пуф J (Ако е составот сув додадете од високо-калоричното млеко). Добро изблендирајте.
Peanut – butter мафини
Испрскајте со спреј за масло тава специјализирана за мафини. Одвојте ја жолчката од белката. Изматете ја белката се додека не се направи пењаста. Истопете путер со путер од кикирики.
Составете го истопениот путер со путерот од кикирики со составот од јајце. Со лажица пополнете ги празнините од тавата. Печете на 350 степени 10-15 минути. Извадете го и оставете да стои додека путерот се апсорбира во мафините.
Може да се стави фил од веќе истопениот путер, со малку екстракт од ванила, неколку зрнца од засладувачот и ставете го како фил.
Нискокалоричен колач
Навлажнете го садот и ставете го во фрижидер на 15 минути. Изладете го шлагот. Измешајте 1 капка од засладувачот (Stevia) со неколку малини и капини, боровинки. Ставете шлаг, ванила екстракт и 4 капки од засладувачот заедно и миксирајте се додека стане пењасто. Ставете половина од малините и боровинките на дното од садот за десерт. Потоа додајте го миксот и останатите овошки на врвот. Ладете 15-30 минути. (Можете да користите и друг вид овошки).
Hot chicken sauce & blue cheese dressing
Ставете го маслиновото масло и една лажица путер во тава и гответе го пилешкото се додека е добро зготвено, меко. Потоа пресечете го како прсти и чувајте го топло. Растопете го останатиот дел од путерот со лутиот сос и мешајте. Ставете го пилешкото и посипете го со сосот. Во блендер/миксер измешајте сирење, млечен крем, лук во прав и оригано. Изблендирајте добро. Ставете мувласто сирење по вкус (за појак или послаб вкус). Можете миксот од сирењето да го посипете врз пилешкото или да го користите како макало
Ниско-калорични опции за печење
Се мешаат заедно 1 шолја соино брашно, 2 шолји протеин изолати од соја, 2 лажици сода бикарбона, 1 кафена лажичка сол, 2 лажици Splenda засладувач.
Бадем
Измешајте пола шолја мелени бадеми, четврт шолја соин протеин изолат и 1 кафена лажичка прашок за пециво. Ставете и чувајте ги во тегла без воздух.
Соја
Измешајте 2 шолји соја во прав или соино брашно, пола лажица прашок за пециво, четвртина мала лажичка сол иполовина мала лажичка сода бикарбона. Додадете 2 лажици маст (путер, маргарин...) кој ќе го иситните претходно на мали парченца. Чувајте добро покриено на ладно суво место.
Сурутка
- 1 шолја протеин изолат
- 1 шолја соино брашно
- 3 лажици пециво
- 1 мала лажичка сол
Брза и лесна замена за брашно
Измешајте заедно 1 шолја протеин изолат, ½ шолја глутен од пченица и ½ шолја ground бадеми.
Deep dish pizza
Во средно голема здела изматете крем сир додека не стане сосем кремаст. Во зделата изматете ги и јајцата додека смесата не се соедини. Додадете пармезан и зачини. Потоа изматете и 8 ounces моцарела и додадете ги. Смесата со сирењето распоредете ја подеднакво во добро намачкана 9х13 стаклена тава за печење. Печете 20-25 минути на температура од 375 степени или пак, додека не стане смесата кафена, но не премногу темна. Оставете комплетно да се олади. Кога е скоро оладена, земете метална шпатула и внимателно ослободете ги краевите од тавчето. Вметнете ја шпатулата целосно под смесата за да се олабави корката. Чувајте ја корката во тавчето. Тоа ќе овозможи полесно да се извади пицата. Кратко пред да се сервира, ставете ја пицата непокриена во фрижидер. Распоредете го сосот за пица, потоа додадете го сирењето и мастравот. Лесно попрскајте со зачини. Печете 15-20 минути на температура од 375 степени или додека мастравот не почне да крчка. Пред сечење почекајте да се олади неколку минути.