Првиот меѓународен состанок во рамките на проектот Еразмус+ Спорт, АХОС - Активни и здрави олимписки сениори се одржа во период од 11-12 Април 2019 година во Словенија во градовите Цеље и Љубљана.
Во опуштена атмосфера, партнерите учесници најпрво ги претставија и детално ги дефинираа активностите кои ќе ги реализираат во текот на проектот.
Своја изјава за локален медиум даде и претставникот на нашето Здружение Дајте ни крилја -Катарина Ивановиќ
Изјава:
Mи претставува особена чест и задоволство што имам можност да учествувам во проектот АХОС. Во мое име, како и во име на нашата организација Дајте ни крилја му благодарам на апликантот што ми понуди можност да учествувам.
Би го истакнал и одличниот прием на домаќините Искрено се надевам дека успешно ќе го реализираме проектот и ќе ја продолжиме заедничката соработка.





